Германскиот магазин „Die Aktuelle“ објави интервју со легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер, кој не се појавува во јавноста откако пред десет години имаше несреќа на скијање.
Неделникот, кој е познат по објавување неверодостојни информации, на насловната страница објави интервју со седумкратниот светски шампион под наслов „Мајкл Шумахер: Прво интервју, светска сензација“, а под него со мали букви: „Звучи нереално “.
Имено, новинарите за интервјуто користеле компјутерска програма „AI chatbot“, која одговарала на прашања како навистина да се работи за поранешниот возач на Џордан, Бенетон, Ферари и Мерцедес.
Во наводниот разговор, кој бил објавен на две страни, меѓу другото, добиле одговори на прашањата за тоа како Шумахер се повредил во 2013 година, како семејството се грижело за германскиот возач, па дури и за кариерата на неговите деца Џина и Мик.
Интервјуто предизвика големо негодување во медиумите бидејќи редакцијата на минхенскиот неделник користела податоци добиени од компјутерска програма за да ја зголеми читаноста.
Quellenangabe: “Das Interview war im Internet. Auf einer Seite, die mit Künstlicher Intelligenz, kurz KI genannt, zu tun hat.”
Was “Die Aktuelle” hier veranstaltet, ist selbst für ein skrupelloses Klatschmagazin bemerkenswert verachtenswert: https://t.co/xBZKQY1xUw pic.twitter.com/xqtYzTOKHd
— Simon Hurtz (@SimonHurtz) April 17, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА