Германски професор ги врати надежите за опоравување на Шумахер

Професорот Марк Оберман, директорот на Центарот за неврологија на германската клиника „Асклепиос“ внесе нови надежи за опоравувањето на легендарниот Ф1 возач, Михаел Шумахер, и негово враќање кон нормалниот начин на живот. Тој истакна дека меѓу 30 и 40 проценти од пациентите кои се во кома, каква што е и состојбата на Шумахер од скијачката несреќа, се будат во четвртата година од траумата. Германецот инаку имаше несреќа на крајот од 2013 година.

„Не ја губете надежта. Пациентите во кома восприемаат многу повеќе од тоа што ние си мислиме. Љубовта е многу важна. Блиските треба постојано да ги допираат за рацете и да им ја искажуваат љубовта. Меѓу 30 и 40% од пациентите се будат од кома на четвртата година од мозочната траума“, изјави Оберман.

 

Се вчитува...