Германскиот алпски скијач, Андреас Сандер средата објави дека му е дијагностицирана митохондријална дисфункција, поради што е загрозено неговото продолжување на спортската кариера.
Засега е познато дека скијачот ќе го пропушти стартот на новата сезона од Светскиот куп, но под знак прашалник е и продолжението на неговата кариера, како поради доцните години (35), така и поради неизвесноста што ја носи оваа болест.
Митохондриите се делови од клетката кои го снабдуваат телото со енергија за бројни процеси, од чукање на срцето, преку дишење до варење.
„Во последниве неколку месеци воопшто не тренирав, а во моментов многу брзо се заморувам“, изјави Сандер, кој изненадувачки го освои сребрениот медал во спуст на Светското првенство во Кортина д’Ампецо во 2021 година. Тогаш Австриецот Крихмаер стана светски шампион со една стотинка подобро време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА