Германски судии ќе делат правда на дуелот со Фарски Острови

Еден од најпознатите германски судии Даниел Шлагер, ќе ја дели правдата на мечот Македонија – Фарски Острови, кој се игра во недела во 15:00 часот во Скопје. Тоа ќе биде дуел од последното коло во Лигата на Нации, кој за Македонија е само за освојување на повеќе бодови, со оглед дека веќе го има обезбедено првото место, но е важен за подобра позиција при евентуален бараж за пласман на идниот Мундијал.

Шлагер оваа сезона има судено на четири меча во Бундеслигата, а на последниот меч на кој судеше имаше дури девет голови. Тоа беше мечот помеѓу Ајнтрахт Франкфурт и Бохум, кој заврши со 7-2.

Тој судеше и на мечот во Лигата на Конференции помеѓу Челси и Гент. За него ќе биде прв ангажман во репрезентативниот фудбал.

На Шлагер ќе му помагаат неговите сонародници Рафаел Фолтин и Свен Вашхитски. Четврти судија ќе биде Тимо Герах. ВАР судија е Даниел Зиберт, а ВАР Асистент Рием Хусеин. Контролор на судиите е Андрејс Сипаило од Летонија, додека делегат на УЕФА е Едуард Киндле од Лихтенштајн.

Се вчитува...