Навивачите во Германија излегоа на протест поради Владата како одговор на одлуката да им се забрани организирање на марш и кортео пред натпреварите. Најмногу поради овој потег се налутија навивачите на Фортуна Дизелдорф, а им се приклучија и фановите од Келн кои излегоа на протест поради оваа одлука.
Во соопштение за јавноста, навивачките групи потенцираа дека треба да се каже стоп за одземањето на човековите права.
„Не сакаме да го прифатиме тоа. Може да ни зададете удар, тоа е сигурно, но знаете дека ако не ви одговориме, тоа ќе биде уште поголем удар за сите. Треба да ѝ кажеме ‘НЕ’ на забраната и кратењето на човековите права и слободи“, соопштија ултрасите.
Fortuna Düsseldorf Ultras are protesting today against a proposed new law which could make fan marches to games illegal.
Around 10,000 people are expected to join the protest including ultras from FC Köln. pic.twitter.com/UfIqllunBZ
— Kenny Legg (@AiTinpot) June 26, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА