Поранешниот голман на Борусија Дортмунд, Волфганг де Бер, почина на 60-годишна возраст од непознати причини. Според информациите, Де Бер починал ненадејно на 30. декември. Не е познато зошто дури сега е бојавена оваа вест.
Де Бер ја почна кариерата во Дуизбург, а потоа од 1986 до 2001 година го чуваше голот на Борусија Дортмунд. Беше дел од најголемиот успех на тимот, освојувањето на европската шампионска титула во 1997 година, кога беше на клупата. Му беше резерва и на Јенс Леман подоцна. Покрај тоа двапати ја освои титулата во Германија со „милионерите“, како и Купот.
По завршувањето на кариерата остана во Борусија Дортмунд. Работеше како тренер на голманите од 2001 до 2018 година, а потоа остана да биде дел од раководството, каде што беше менаџер на релација со навивачите, функција која ја извршуваше се до смртта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА