Германскиот фудбал завиен во црно: Почина легендарниот фудбалер на Фрајбург

Германскиот фудбал тагува за Максимилијан Хајденрајх, кој почина денеска на 57-годишна возраст после тешко боледување. Веста за неговата смрт ја објави неговиот поранешен клуб Фрајбург. 

Некогашното „либеро“ играше во Хановер, Минхен 1860, Ајнтрахт Франкфурт, Базел, а најголемата афирмација ја  стекна во дресот на Фрајбург, каде беше од 1992 до 1997 година и одигра преку 200 натпревари. Потоа играше во Волфсбург, а кариерата ја заврши во Ватеншајд.

Работеше и како тренер на Фрајбургер, Веил, Дензинген. Беше активен како тренер до 2017 година.

„Фрајбург тагува по загубата на овој голем фудбалер“, стои во објавата на клубот, а сочувство изрази и Волфсбург каде што играше Хајденрајх.

Се вчитува...