Германскиот репрезентативец се враќа во Брајтон

Екипата на Брајтон е пред потпишување на договор со искусниот германски репрезентативец Паскал Грос, кој во моментов настапува во Борусија Дортмунд. 34-годишниот играч од средниот ред, цели седум години играше за овој клуб, пред да се пресели во Дортмунд во 2024 година.

Грос не се снајде најдобро во таборот на „милионерите“ и се почесто е на клупата, па затоа во првите денови од Новата 2026 година ќе го реализира својот „кам-бек“ во Брајтон.

За репреентацијата на Германија Грос има одиграно 16 натпревари, и повремено натаму добива повици од Јулијан Нагелсман. Во минатото покрај Дортмунд и Брајтон, Грос играше и за Ингоштад, Карлсруе и Хофенхајм.

Се вчитува...