Германскиот шампион тргнува по потписот на Арда Ѓулер

Арда Ѓулер конечно ја доби својата шанса во Реал Мадрид, но приказните за неговото заминување од клубот не престануваат. Скај Спорт објави дека Баер Леверкузен е заинтересиран за услугите на турскиот фудбалер.

Иако играчот нема намера да го напушти Реал Maдрид, челниците на Баер веќе стапиле во контакт со семејството. Со оглед на тоа дека Реал го сака Вирц од Баер, нема да биде изненадување ако кралскиот клуб испрати понуда која ќе го вклучи и Ѓулер, бидејќи со Флорентино Перез апсолутно се е можно.

Младиот турски фудбалер во досегашниот тек од сезоната настапи на 17 натпревари и постигна еден гол и асистенција. Најмногу добиваше шанса од клупата за резерви.

Се вчитува...