Бундеслигашките натпревари вчеравечер почнаа во невообичаена тишина. Гледачите на трибините на овој начин изразија протест поради неконвенционалните термини за почеток на натпреварите, зголемените цени на билетите и воопшто за генералната комерцијализација на играта.
Германските фанови кои се особено ревносни околу доаѓањето на стадионите, бојкотот го најавија уште претходно. Навивачите на Вердер молчеа 18 минути и 30 секунди на дуелот во кој нивниот тим со 3-1 ја победи Херта. Фановите на Херта пак протестираа со молчење точно 20 минути. Слични сцени имаше и на стадионите во Минхен, Хановер и во Фрајбург.
Протестите ги опфаќаат трите најсилни бундеслигашки конкуренции откако пропаднаа преговорите на трите лиги со навивачите. Фановите низ стадионите во Германија носеа транспаренти со инвентивни пораки. „ Замислете никој да не може да дојде на фудбал“, „Престанете да ги искривувате деновите за натпревари“, „Фудбалот е за мене и за тебе, не за еб*ната телевизија“, беа дел од пораките.
Вакви протести ќе има и на денешните напревари во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА