Германските фанови го одбраа Вернер за најдобар играч во дуелот со Македонија

Германската федерација организираше гласање за играч на натпреварот на дуелот со Македонија, и денеска ги објави резултатите. Навивачите го одбраа Тимо Вернер за најдобар играч на натпреварот во Скопје. Вернер постигна два гола за три минути и убедливо победи.

За Вернер гласаа 43,5 %, или убедливо пред Милер кој освои 25,1% од гласовите. На третото место заврши Хаверц кој освои 9,7%.

Се вчитува...