Ханси Флик најверојатно ќе остане на клупата на Германија и покрај „дебаклот“ и елиминацијата на Германија во групната фаза на Мундијалот во Катар.
Флик се најде на мета на критики и за можна смена после испаѓањето од групната фаза на Светското првенство во групата во која Шпанија и Јапонија продолжија во следната фаза. Германија во последното коло ја совладаа Костарика, но залудно кога Јапонија победи над Шпанија.
Иако се шпекулираше можно доаѓање на Јирген Клоп, сепак, „Билд“ најавува сценарио со останување на Ханси Флик на клупата на Германија и ќе му биде дадена шанса да ги води на ЕП 2024 година.
Клоп е под договор со Ливерпул, па се споменуваше и Томас Тухел како најидеален на селекторската позиција. Но, од германската федерација наводно стравувале на нарушени односи со неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд, па сметаат дека тоа може да влијае на резултатите и на играта на германската репрезентација.
Наводно Флик после елиминацијата им се обратил на фудбалерите со зборовите: „Ајде момци главите горе, ќе се вратиме уште посилни“, што би значело дека сегашниот селектор би можел да остане да го води тимот и на ЕП за две години и тоа на домашен терен, што веројатно ќе му биде последната шанса од федерацијата, а потоа во зависност од резултатот ќе се одлучува дали ќе остане или ќе замине.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА