Германско засилување за Гостивар (ФОТО)

Прволигашот Гостивар продолжува со засилувањата за вториот дел од сезоната откако денеска го официјализираше потписот на германскиот интернационалец Томас Меизнер.

Станува збор за искусен 32-годишен стопер кој последниот настап го имаше за Ханза Рошток. Покрај за овој клуб, Меизнер три сезони настапуваше во холандската Ередивизие за екипите на Вилем и Ден Хаг, а беше дел и од Пушкаш Академија, Дуизбург и вторите тимови на Борусија Дортмунд и Мајнц.

Се вчитува...