Борусија Дортмунд и Баерн Минхен одиграа одличен натпревар во Дортмунд, кој заврши без победник 1-1. Со тоа разликата меѓу овие два тима остана иста, а Борусија остана непорзен тим на домашен терен во Бундеслигата.
„Милионерите“ имаа предност од 1-0. После одличен противнапад, брзоногиот Гитенс успеа да донесе предност во 27. минута од средбата.
Во вториот дел Баерн Минхен имаше шанса за израмнување, но и Борусија да дојде до 2-0 преку Сабицер, но немаше реализација.
Израмнувачкиот гол се случи во 85. минута од средбата, кога Мусиала со глава успеа да погоди во мрежата на Кобел, и да донесе бод за Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА