Германското проклетство на воведните мечеви на големите натпреварувања

Со дуелот меѓу Германија и Шкотска во Минхен вечерва почнува Еврпското првенство 2024 година.  „Панцирите“ се поразени во првите натпревари на трите претходни големи турнири, проклетство кое што е време да биде прекинато.

По традиција, стартниот удар ќе го добие домашната селекција, односно Германија, која ќе сака да го подобри неодамнешниот непријатен биланс на стартот од големите натпреварувања против Шкотска.

Домаќините ќе се обидат да ја уверат домашната публика дека го имаат она што е потребно за да се искачат на подиумот, додека британскиот тим ќе се обиде да направи изненадување и да стигне до својата прва победа на континенталните смотри од 1996 година.

Тимот предводен од Јулијан Нагелсман ќе мора да стави крај на лошата серија на воведните натпревари на големите турнири. Германија доживеа три последователни порази, прво од Мексико со 1-0 на СП 2018, потоа на Европското првенство во 2020 година од Франција со 1-0 и потоа од Јапонија со 2-1 на СП 2022 година.

Натпреварот меѓу Германија и Шкотска кој се игра на „Алијанц арената“ во Минхен е закажан за во 21 часот.

Се вчитува...