Познати се судиите кои утре ќе ја делат правдата на натпреварот помеѓу Македонија и Ерменија. Главен судија ќе биде Харм Осмерс од Германија, а негови помошници ќе бидат Доминик Шал и Стефан Луп.
Осмерс е 39-годишен судија, кој лани делеше правда на 16 натпревари во Бундеслигата, а беше дел и од два меча во Лигата на Европа. Судеше на пријателскиот меч помеѓу Португалија и Хрватска 1-2 непосредно пред почетокот на ЕВРО 2024.
Четврти судија ќе биде Флоријан Екснер, додека ВАР судија ќе биде Сорен Шторкс од Германија. УЕФА контролор на судиите Мариан Ружбарски од Словачка, а делегатот доаѓа од Романија и е Алин Чиобан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА