Одличен натпревар во Дортмунд помеѓу Германија и Данска, во кој посреќни беа Германците и се пласираа во 1/4 финалето на ЕВРО 2024 на кое се домаќини.
Германците одлично го почнаа мечот, потоа „паднаа“, а Данска не искористи неколку добри шанси, затоа што на голот блескаше Мануел Нојер. Во финишот на полувремето имаше прекин, поради бурата и силниот дожд во Дортмунд, но после 15 минути пауза, продолжи мечот.
Во вториот дел Данска постигна гол и ги шокираше сите во Дортмунд. Меѓутоа кога судијата Оливер чекаше потврда од ВАР собата, сепак, минимален, милиметарски офсајд ги спасуваше Германците. А, во следната акција нафрлена топка од левата страна, при што стрелецот Андерсен играл со рака за пенал на Германија.
Хаверц во 53. минута донесе предност со прецизно изведен пенал. Данците потоа имаа шанса за израмнување, но повторно Нојер спасуваше, а во 68. минута Мусиала после еден противнапад успеа да донесе 2-0. Доби топка од Шлотербек, и ја казни неодлучноста на Шмајхел да излезе од голот. Во финишот кога Данска се отвори, Германија можеше и целосно да ја „потопи“ Данска, но не беа искористени неколку шанси.
Германија во 1/4 финалето оди на подобриот од дуелот Шпанија – Грузија, кој се игра утре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА