Германија ја совлада Хрватска со 22-21 во неизвесен мч во „Ланксес арена“ и се избори за полуфинале на ракометниот Мундијал. Овој триумф на „панцирите“ ја одведе и Франција во завршницата меѓу четирите најдобри на Светското првенство. И Данска исто така е полуфиналист, а четвртиот патник ќе се бара меѓу Шведска и Норвешка.
Германците на крајот секогаш победуваат. Важи за фудбалот, ама и за ракометот. Така беше вечерва во драматичната пресметка во Келн. Хрватите имаа водство од 21-20, но Германија со два гола во финишот преку Пекелер и Генсхајмер дојдоа до посакуваната цел. Фабијан Виде беше стрелец на шест гола, а Генсхајмер постигна четири. Волф имаше десет одбрани.
Данска рутински го совлада Египет со 26-20 и го продолжи максималниот ефект, трасирајќи го патот кон полуфиналето. Микел Хансен и Захариасен со по пет гола беа најефикасни во победничкиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА