Германскиот Кил и дефинитивно ќе биде без еден од своите најдобри ракометари Штефан Вајнхолд на утрешниот реванш натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Вардар.
Како што информираат од Кил, и покрај обидите, Вајнхолд не успеал да ја санира повредата па тимот денеска без него треба да допатува во Скопје.
„Нашите шанси за пласман на Ф4 се сериозно намалени поради тоа што во Скопје ќе го немаме Штефан Вајнхолд“ – изјави денеска тренерот на Кил, Алфред Гисласон.
Вајнхолд се повреди на првиот меч против Вардар во Кил. Реванш натпреварот од четвртфиналето во ЛШ се игра утре со почеток од 17 часот во „Јане Сандански“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА