Германците и Канаѓаните приредија спектакл, Вагнер ја реши драмата (ВИДЕО)

Кошаркарската репрезентација на Германија ја порази Канада со 86-81 во пријателски натпревар, прв за двата тима во подготовките пред Светското првенство.

Човек на одлука беше кошаркарот на Орландо, Франц Вагнер со тројка на 47 секунди пред крајот за водство на Германците од 82-79. Вагнер мечот го заврши со 18 поени, два скока и четири украдени топки.

Најдобар во победничкиот тим, сепак, беше новиот плејмејкер на Торонто, Денис Шрудер кој е најзаслужен за серијата од 7-0 на домашните пред крајот на мечот со која го скршија отпорот на Канаѓаните. Шрудер заврши со 16 поени, 7 скока и 8 асистенции.

Во поразениот состав на Канада се издвои кошаркарот на Њујорк, Ар-Џеј Берет со 12 постигнати поени.

Се вчитува...