Германците имаат план: Клоп за селектор за СП 2026

Повлекувањето на Јирген Клоп од Ливерпул на крајот од сезонава е главна вест во фудбалската јавност, откако одличниот трофеј ги изненади сите со објавата дека чувствува како повеќе нема енергија за да работи во гигантот од „Енфилд Роуд“.

И додека фановите на „црвените“ жалат по трофејниот стратег и се надеваат дека тој ќе се повлече со нова шампионска титула,  германските фудбалски навивачи се надеваат дека конечно ќе им се исполни желбата – Клоп да седне на селекторското столче во својата татковина. Името на одличниот стручњак беше споменувано и пред да биде именуван Флик и пред да дојде Нагелсман, тогаш договорот со Ливерпул беше клучен проблем во разговорите, но Германците веќе коваат план за да го убедат Клоп по заминувањето од „Енфилд“ да се посвети на репрезентативниот фудбал, за кој секако треба помалку енергија и ангажман отколку за клупскиот.

Нагелсман дефинитивно ќе остане на кормилото за ЕП 2024, но желба на Германската Фудбалска Федерација е да се постигне договор со Јирген Клоп за тој да ја води репрезентацијата на СП 2026. Дури и во случај Клоп да инсистира на една година целосен одмор од фудбалот, Германците се подготвени да му излезат во пресрет и да најдат привремено решение, за Јирген во 2025 да седне на клупата на националниот тим и да се фати за работа во пресрет на мундијалот.

Се вчитува...