Германците изненадија: Шпанецот Мумбру на селекторската функција место Херберт

Германската кошаркарска федерација изненади со изборот на Шпанецот Алекс Мумбру за нов селектор на германската репрезентација.

Мумбру, кој во досегашната тренерска кариера раководеше со Билбао и Валенсија, ќе го замени Горди Херберт на клупата, кој на Германија и го донесе најголемиот успех во историјата – титулата светски шампион и четвртото место на неодамнешните Олимписки игри.

Херберт, пак, следната сезона ќе го води Баерн Минхен на местото на Шпанецот Ласо, чиј следен предизвик е Басконија.

Мумбру првиот меч на клупата на светските шампиони ќе го има против Шведска во квалификациите за Евробаскет 2025 година.

Се вчитува...