Германците му порачаа на Тер Штеген: Почни да браниш или Мундијалот ќе го гледаш од дома

Германскиот голман Марк Андре тер Штеген долго време беше во сенка на Мануел Нојер кога станува збор за настапите за германската репрезентација.

Сега кога легендарниот голман на Баерн Минхен замина во репрезентативна пензија, Тер Штеген повторно се соочува со големи проблеми, бидејќи за разлика од минатото сега не е во натпреварувачка форма.

Тој го загуби своето место во Барселона поради честите повреди во последно време па повторно е неизвесен за настап на Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

„Не е битно дали ќе остане во Барселона или ќе замине некаде на друго место, битно е да почне да брани. Сите сакаме после толку години во сенка на франтастичниот Мануел Нојер да добие шанса да брани на Светското првенство, но сега се е отворено и зависи од него. Во каква форма ќе биде Марк Андре… Оливер Бауман беше фантастичен досега“, изјави спортскиот директор на германската репрезентација, Руди Фелер.

Се вчитува...