ЕКИПА во Келн,
Симон Котларов
Без разлика на неможноста да се бори битка за трофејот во Келн, „вардарци“ повторно ќе имаат максимална поддршка од најверните навивачи и во мечот за третото место на Ф4 против ПСЖ.
Но, македонскиот тим ќе има сериозна поддршка и од неутралните Германци кои, како што велат, посакуваат Вардар да слави против ПСЖ….
„Да бидеме искрени не ги сакаме арогантните Французи, и затоа на овој фајнлфор турнир си навиваме за Вардар. Навивачките реквизити ги позајмивме од навивачи на Вардар тука дојдени од Скопје кои случајно ги запознавме. Македонија ни е премногу симпатична и затоа сакаме да дадеме поддршка“ – вели брачниот пар Германци кој овие два дена ги освои симпатиите меѓу македонските навивачи во Келн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА