Германците не можат да стигнат во Битола: Откажан мечот Пелистер – РНЛ

Натпреварот од следното коло од Лигата на Европа во ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Рајн Некар Левен е одложен, соопшти денеска ЕХФ. Причината за ова одлагање е неможноста германскиот клуб да допатува во Битола, а целосно да ги испочитува мерките за заштита во ковид-криза донесени од германската влада.

Рајн Некар Левен мора во рок од 48 часа да пристигне во Македонија со негативен ковид-тест, да го одигра натпреварот и да се врати дома. Клубот од Бундес-лигата не пронајде таква опција и побара од ЕХФ одложување.

РК Еурофарм Пелистер ја прифаќа одлуката на Европската ракометна централа и очекува информации за нов термин за одигрување на натпреварот. Во меѓувреме клубот и тимот ќе се насочи на следните натпреварот против Татран Прешов во СЕХА Гаспром лигата и против Кадетен Шафхаузен во Лига Европа.

„Пелистерци“ се наоѓат во одлична серија од три победи (две над Татабања, една над ГОГ), со што македонскиот вицепрвак е на добар пат да обезбеди пласман во следната фаза од Лигата на Европа.

Се вчитува...