Германците откриваат: Како Путин ја урна Суперлигата

Сонот за фудбалско натпреварување само на најдобрите клубови заврши, а со неговото пропаѓање започна и разврската за што доведе до истото. Една од причините за тоа е Владимир Путин, пренесува германскиот медиум ‘Suddeutsche Zeitung’.

Имено, се започнало со повикот на Путин до Роман Абрмовиќ кој го притиснал газдата на Челси да отстапи од Суперлигата бидејќи рускиот Газпром е главниот спонзор на Лигата на Шампионите, а воедно и на Зенит, тимот кој се пробива до европската елита.

Покрај тоа Санкат Петерсбург е домаќин и на Европското првенство кое ќе се одржи следното лето и финалето на ЛШ во 2022. Овие два настани требаат да докажат дека Русија може да биде постојан организатор на најголемите фудбалски случувања, а не би помогнала ниту најавената суспензија на фудбалерите на „Големите 12“ со што драстично би се осиромашило ЕП.

Германскиот медиум притоа посочува дека американската банка „Џеј-Пи Морган“ билa само посредник во целиот договор, а главниот финансиер е Саудиска Арабија и нејзиниот принц Мохамад бин Салман. Овој податок лошо влијаел врз Шеикот на Емирати, воедно и газдата на Манчестер Сити кој не сака да биде дел од проектот на неговите ривали. Ова е истата причина поради која ПСЖ не се прилучи на останатите европски великани.

‘Suddeutsche Zeitung’ открива и дека најслужниот за влезот на Саудиска Арабија во проектот e Флорентино Перез. Претседателот на Реал Мадрид е воедно и раководител на најголемата шпанска градежна фирма ‘ACS’ која ќе го гради проектот за забавен центар во Саудиска Арабија, вреден 6.5 милијарди евра.

Се вчитува...