Германската фудбалска репрезентација го навлече бесот на јавноста по новото катастрофално издание и поразот на домашен терен од Јапонија, изразен со конечните 1-4.
И додека навивачите и новинарите фрлаат со дрва и камења по селекторот Ханси Флик, кој речиси сигурно ќе добие отказ, искусниот Илкај Гундоган се осврна на квалитетот и играта на самите фудбалери.
„Ова е тешко да се проголта. Разочарувањето е огромно бидејќи сигурно сите ние имаме одредени очекувања. Сепак, резултатите говорат најдобро за она што го играме, а кога кризата ќе трае толку долго, можеби е време да си признаеме дека веќе не сме толку добро, дека на нас не треба да се гледа како на топ-репрезентација. Друго објаснување искрено немам, Јапонија беше подобра во сите аспекти од играта, а доколку сме ние врвна репрезентација не би дозволиле противникот пет пати да излегува очи в очи со нашиот голман“, изјави Гундоган.
Следен предизвик за германскиот состав е пријателскиот меч со Франција, по кој се очекува да дојде до смена на селекторската функција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

