Холандија и Германија одиграа фантастичен натпревар во Амстердам, во кој германскиот национален тим по голема битка успеа да триумфира со 2-3. Подмладениот состав на Јоаким Лев ги изненади домаќините и набрзина поведе со 0-2 со головите на Сане и на Гнабри, но „лалињата“ воскреснаа на стартот од второто полувреме, израмнувајќи со погодоците на Де Лигт и на Депај.
Домашните фанови беа во исчекување на целосен пресврт, но Германците славеа на типично германски начин – со гол во 90. минута што го постигна Нико Шулц, матирајќи го Силесен.
Полска со два гола во второто полувреме го скрши отпорот на Летонија, славејќи со 2-0 со погодоците што со удари со глава ги постигнаа Левандовски и Глик.
Белгија рутински славеше со 0-2 на гостувањето против Кипар со головите на Азар и на Батшуаи, додека Магенис со погодок во 87. минута донесе триумф на Северна Ирска над Белорусија од 2-1.
The Germans save themselves the embarrassment. Nico Schulz with the goal. #NEDGER pic.twitter.com/LzcMQFfPm4
— Khai (@SpectreGoal) March 24, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА