Германија беше пред речиси сигурно збогување со полуфиналето на Европското првенство 2024 на кое се домаќини, но иако имаа и четири гола негатива на четири минути до крајот успеаја низ пеколен финиш да извлечат реми (22-22) против Австрија во вториот меч од втората фаза на шампионатот.
Австријците, кои покажаа уште еднаш дека се вистински хит на ЕВРО 2024, имаа предност во текот на целиот натпревар постојано одржувајќи ритам, за да кон средината на второто полувреме дојдат и до четири гола разлика (15-19). На четири минути до крајот Австрија имаше предност и од 18-22, но потоа следеше пеколниот финиш на Германија на крилјата и на своите навивачи.
На три минути пред крајот, Германија дојде до само еден негатива (21-22), за да по серија нереализирани напади на противникот домашните на 50 секунди до крајот преку Штајнарт постигнат и гол за конечни 22-22.
Germany started the comeback with this goal scored by Timo Kastening! 🔥#ehfeuro2024 #heretoplay @DHB_Teams pic.twitter.com/ZtfCPDFCNj
— EHF EURO (@EHFEURO) January 20, 2024
Кнор со шест гола беше најдобриот поединец кај Германија, а Билик со пет гола беше најдобриот кај Австрија.
Германија некако ги зачува шансите за битка за полуфинале, иако Австрија и Унгарија се уште се со предност за второто место од Групата 1, откако е јасно дека Франција ќе биде неприкосновена во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА