Факт е дека Пеп Гвардиола му заби нож во грб на Баерн Минхен додека беше три години тренер на баварскиот клуб. Дури сега е откриен лукавиот потег кој своевремено го направи Гвардиола.
Шпанскиот тренер го презеде Манчестер сити во 2016 година, а уште порано во текот на таа сезона 2015/16 беше потврдено дека ќе го напушти Баерн. Тоа се покажа како голема грешка на Баварците, сега откако се виде извонредната работа на Гвардиола во англискиот премиерлигаш изминативе осум сезони.
Додека беше шеф на стручниот штаб на Баерн, Гвардиола имаше само една цел – освојување на Лигата на шампионите, но не успеа. Во последната сезона како водач на Баерн седеше дури и на две столици. Имено уште додека беше тренер на Баерн, Гвардиола почна да ја склопува екипата на Манчестер сити за следната сезона.
Сега е откриено дека Баерн таа сезона работел на договарање на трансферите на Кевин Де Брујне, Рахим Стирлин и Илкај Гундоган, но шпанскиот тренер тогаш ги блокиран нивните трансфер со официјален писмен документ до клубот дека не му се потребни.
Интересно, одма по доаѓањето на клупата на Сити сите тројца завршија во Манчестер сити, и тоа на инсистирање на Пеп Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

