ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Германскиот селектор Кристијан Прокоп реши да го искористи правото за замена пред дуелот со Македонија, откако реши да го повика во тимот Фин Лемке. Станува збор за „џин“ висок 201 сантиметар кој настапува за Мелсунген, а утрово добил повик да допатува во Загреб и да му се приклучи на националниот тим.
Повеќе од јасно е дека Прокоп не е задоволен од функционирањето на одбраната на германската репрезентација, проблем што очекува да го реши со Лемке токму на утрешната пресметка со Македонија.
„Фин Лемке доаѓа во тимот на местото на Бастијан Рошек. Сакам да играме уште пофизички во одбраната, затоа го повикам Фин, кој ќе ни се приклучи вечерва“ – изјави германскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА