Германците со минимален триумф над Португалија

Репрезентацијата на Германија, која е еден од ривалите на Македонија во групата од ЕП 2024, славеше со минимални 34-33 на денешниот пријателски меч со Португалија.

Германците го почнале мечот со најдобрата постава, Волф на голот, Мертенс и Кастенинг на крилните позиции, Кестер, Кнор и Хефнер како бекови и Гола на пивотменската позиција (Стајнерт менувал со Хефнер во транзицијата одбрана/напад). Првото полувреме мина во подобра игра на германската репрезентација, која на одмор замина со предност од 18-14.

Португалците успеаја да се вратат, па на нешто повеќе од една минута до крајот стигнаа и до израмнување на 33-33. Сепак, германскиот состав го искористи последниот напад и преку Ускинс поведе со 34-33, пред Волф да го одбрани последниот португалски напад и да ја сочува победата на домаќинот на ЕП 2024.

Јури Кнор беше најефикасен во германскиот табор со шест погодоци, а пет гола постигна дебитантот Мартин Хане.

Се вчитува...