Германците со понуда за Клоп: Ќе го чекаат за одговор, ако треба, и до март 2025!

Јирген Клоп на крајот од сезоната по долги години активност заминува од клупата на Ливерпул. Германскиот стратег нагласи дека малку е уморен од темпото на живот и работа изминатава декада па следната година со сигурност сака одмор, без разлика на бројните шпекулации околу неговиот иден клуб.

Но, без разлика што Клоп демантира дека веднаш ќе биде активен откако ќе замине од клупата на Ливерпул, германските медиуми објавуваат сценарио кое и тоа како е можно кога е во прашање продолжувањето на тренерската кариера на Клоп.

Веќе има информации дека Германската фудбалска федерација испратила понуда до Клоп кого го сака на чело на репрезентацијата на Германија. А, Германците се подготвени да го чекаат колку и да биде потребно.

Во моментов Јулијан Нагелсман е на селекторската функција на клупата на Германија, но се очекува негово заминување по Европското првенство 2024.

Челниците на Германската фудбалска федерација се надеваат дека Клоп ќе се согласи на нивниот проект, и затоа сакаат по ЕП 2024 да му дадат доволно време да размисли, се разбира до март 2025 година кога веќе мора да се има нов селектор со стартот на циклусот за пласман на СП 2026.

Се вчитува...