Јоаким Лев за последен пат ќе ја предводи селекцијата на Германија на едно големо натпреварување па стретегот на престојното Европското првенство ќе настапи со проверени сили. Списокот кој го објави денеска селекторот нема големи изненадувања, но новост во однос на Светското првенство ќе биде враќањето на Томас Милер и Матс Хумелс.
Од претходно беше познато дека Лев нема да може да смета на услугите на Марк Андре Тер Стеген, кој се одлучи да го оперира коленото, како и Марко Ројс кој побара да му биде дозволен одмор. Мало разочарување е тоа што на списокот го нема Јулијан Дракслер, како и Јулијан Брант.
Голмани: Бернд Лено (Арсенал), Мануел Нојер (Баерн Минхен), Кевин Трап (Ајтрахт Франкфурт)
Одбрана: Матијас Гинтер (Б. Менхенгладбах), Робин Госенс (Аталатна), Кристијан Гинтер (Фрајбург), Мрасел Халстенберг (Лајпциг), Матс Хумелс (Б. Дортмунд), Лукас Клостерман (Лајпциг), Робин Кох (Лидс), Антонио Рудигер (Челси), Никлас Зиле (Баерн Минхен).
Средина: Емре Чан (Б. Дортмунд), Леон Горецка (Баерн Минхен), Илкај Гундоган (Манчестер Сити), Јонас Хофман (Б. Менхенгладбах), Џошуа Кимих (Баерн Минехн), Тони Крос (Реал Мадрид), Флоријан Нојхаус (Б. Менхенгладбах).
Напад: Серж Гнабри (Баерн Минхен), Каи Хавертс (Челси), Томас Милер (Баерн Минхен), Џамал Мусијала (Баерн Мингхен), Лерој Сане (Баерн Минхен), Кевин Фоланд (Монако), Тимо Вернер (Челси).
??? ????? ??#DieMannschaft #EURO2020 pic.twitter.com/hzx3UCBndi
— Germany (@DFB_Team_EN) May 19, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА