Се водеше кон тоа Англија да добие петти учесник во Лигата на шампионите следната сезона, заедно со Италија.
Сепак, во четвртфиналето на Лигата на шампионите англиските тимови доживеаја огромна катастрофа, па накрајот останаа без свој претставник во елитното натпреварување.
Така петтото место во најквалитетното клупско фудбалско натпреварување најверојатно ќе им припадне на Германците. Манчестер сити беше елиминиран од Реал Мадрид, додека Арсенал по два натпревари од Баерн.
На Англичаните не им оди најдобро ниту во Лига Европа, каде Ливерпул има тешка задача да ја елиминира Аталанта по 0-3 на „Енфилд“. Полесна работа не очекува ниту Вест Хем, кој беше поразен на првиот меч од Баер Леверкузен со 2-0.
Единствена надеж е Астон Вила, која го победи Лил во првиот меч во Конференциската лига, па има добри шанси да се пласира во полуфиналето на третото најсилно натпреварување под капата на УЕФА.
Се би можело да се реши со елиминирање на Ливерпул и Вест Хем, бидејќи тогаш би било јасно дека петтиот тим од Бундеслигата ќе оди во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА