Германија славеше на дуелот против Словенија, во директната пресметка за првото место во групата што Германците апсолутно го заслужија откако попладнево ги демолираа избраниците на Урош Зорман со убедливи 36-29.
Се беше практично решено во првото полувреме во кое германскиот напад функционираше феноменално. Словенечките голмани не беа во ритам, а германските ракометари го искористија тоа за да постигнат неверојатни 23 гола за 30 минути и огромни девет погодоци предност (23-14). Очекувано, Словенија заигра нешто подобро во вториот дел, успеа да ја намали негативата до пет гола (33-28), но немаше никакви шанси за целосен камбек во овој натпревар што Германија на крајот го доби со конечни 36-29.
Каи Хефнер со седум гола од седум обиди беше клучна фигура во нападот, шест постигна Хејман, додека најефикасни кај Словенија беа Хорзен со седум и Хенигман со четири погодоци.
Германија за противник во четвртфиналето ќе ја има четвртата селекција од другата група, поуспешната од денешниот дуел меѓу Франција и Унгарија (реми им одговара на „триколорите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА