Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили би можел кариерата да ја продолжи во шведски Гетеборг. Дел од шведските медиуми пишуваат за интересот на овој клуб за македонскиот напаѓач, кој во моментов е дел од Сондеријске од Данска.
Ќамили сезонава во 20 настапи за Сондерјиске, постигна девет гола и имаше четири асистенции. Во минатото беше дел од Хвидовре, Хорсенс и Фрем.
Ако се случи да се пресели во Гетеборг, тоа ќе биде прв негов предизвик надвор од Данска. За репрезентацијата на Македонија, Ќамили одигра девет меча и постигна еден гол, оној против Летонија во Лигата на Нации во победата од 0-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА