Актуелниот светски шампион во трката на 100 метри, Џастин Гетлин се повреди на митингот во Загреб. Американскиот спринтер трката во престолнината на Хрватска ја заврши држејќи се за бутниот мускул на левата нога, а патеката ја напушти со помош на останатите натпреварувачи.
Неговиот настап на Светското првенство во Доха е неизвесно, а дополнителните прегледи ќе покажат дали легендарниот Американец ќе биде во можност да ја брани титулата освоена пред две години во Лондон.
Тој сезонава има четврто најбрзо време (9.87), а атлетскиот светски шампионат на програмата е од 27. септември до 6. октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА