По една година, Марио Геце, „златното момче“ на германскиот фудбал, фудбалерот на Борусија Дортмунд, повторно е во дресот на националниот тим. По надминувањето на здравствените проблеми и откако повторно е во натпреварувачки ритам со „милионерите“, Геце доби повик од селекторот на „панцирите“, Јоаким Лев.
„Пресреќен сум. Не можам ниту да опишам колку убаво се чувствувам. Како повторно да сум се родил. Сега сакам само да уживам и да дадам полн придонес во националниот тим. Благодарност до селекторот што повторно сум во репрезентацијата на Германија, се надевам дека ќе успеам да се оддолжам со добри игри“, изјави Марио Геце.
Германија се подготвува за пријателскиот натпревар против Англија што ќе се одигра в петок, на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА