Херојот на Германија во 2014 година кога го постигна единствениот гол со кој „панцирите“ го освоија Мундијалот во Бразил, Марио Геце кажа која била неговата најголема грешка во кариерата.
Тој во поткаст „Спиелмахер“ рече дека веројатно најголемата грешка ја направил кога во 2016 година се реши да се врати во Борусија Дортмунд, иако претходно ги разочара навивачите со потегот во 2013 година да се пресели во таборот на „Баварците“.
Откако се врати имаше тежок период, никако не успеваше да ја врати својата форма, а потоа замина во ПСВ, додека сега втора сезона е дел од Ајнтрахт Франкфурт.
„Имав друга опција. Клоп ме сакаше во Ливерпул. За мене тој чекор после Борусија и Баерн можеби ќе беше најдобар. Меѓутоа тогаш одлучив да се вратам во Дортмунд, и веројатно погрешив“, изјави германскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

