Гевгелија денеска уживаше со трката „Да трчаме заедно“ и со детските трки во рамки на „November run 2025“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Гевгелија денеска уживаше во уште едно извонредно издание на трките „Да трчаме заедно“ и детските трки кои се во рамките на атлетскиот викенд „November run 2025“, чие јубилејно петто издание е денеска и утре во нашиот најјужен град. Главните трки на 5 и 10 километри од „November run 2025“ се закажани за утре.

Трката „Да трчаме заедно“ е трка која ја организирааат Фондацијата „Ице Бегов“ заедно со Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“, оваа година третпат по ред инклузивна хуманитарна ненатпреварувачка трка од 1 километар – „November Run – Run Together“.

Па, и денеска, во прекрасна атмосфера трчаа заедно деца, родители, рекреативци, спортисти и лица со попреченост

„’Да трчаме заедно’ е трка што ги менува животите – момент кога лицата со телесна и друга попреченост конечно се чувствуваат еднакви, кога заедно со своите соученици и пријатели трчаат, се смеат и победуваат; момент кога хуманоста и емпатијата стануваат најсилната енергија. Настанот има за цел да промовира спорт, инклузија и заедништво“ – порачаа организаторите на трката.

 

Се вчитува...