Гевгелија и Македонија уште еднаш уживаа во веќе препознатливата атлетска манифестација „November run 2024“ која викендов се одржа во најјужниот македонски град.
Извонредна организација на спортската манифестација која се повеќе ја привлекува македонската атлетска јавност, како начин за промоција на спортот, и како професија и како рекреација. Оваа година со повеќе од 1.200 атлетичари низ улиците на Гевгелија за уште една потврда на значењето на трката, која сега привлече истакнати имиња од атлетиски препознатливите, Кенија и Еретрија, но и од регионот.
На крајот, победија Сеаре Велдезги од Еритреја во машка конкуренција, и Валентина Бендек-Џебет од Кенија во женска конкуренција, на десеткилометарските трки. Најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски заврши трет на 10 километри, а најдобрата македонска маратонка Адријана Поп Арсова, пак, беше трета во женска конкуренција.
На трката на 5 километри, пак, победи Албер Кипкорир Тонуи од Кенија со време од 14:46 минути, пред македонскиот атлетичар Муџахид Мислими, пред Георги Гергов од Бугарија.
Кај жените, на 5 километри, победи Греса Бакраќи од Косово со време од 17:30 минути, пред Фатих Кангого од Кенија и Бугарката Анастасија Пејчева.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА