Сведоците бевме на вистински спротски празник попладнево во Гевгелија, каде низ улиците на овој град можеа да се проследат четири трки кои се дел од традиционалната манифестиција “November Run“.
Лица од цела Македонија трчаа на „Run Together“, инклузивна трка отворена за сите, која воедно им овозможи заедничко трчање на лицата со попреченост со своите најблиски, но и со сите останати и да уживаат во спортскиот дух што гевгеличани несебично го ширеа во текот на целиот ден. Инклузивната трка беше свечено отворена од поранешниот олимписки првак Шабан Трстена, по што натпреварувачите имаа можност да доживеат незаборавно искуство…
По ова, следеа и три детски трки поделени според возраста на учесниците, како загревање за утрешниот главен настан, трките на 5 км и на 10 км кои ќе стартуваат во 9 часот наутро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА