Гевгелија повторно беше одличен домаќин на трката „November Run“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Гевгелија повторно беше одличен домаќин на атлетската трка „November Run“. Два дена градот беше исполнет со тркачи од Македонија и светот, а целиот град танцуваше со звуците на чекорите на атлетичарите по асфалтот.

На трката на 10 километри во машка категорија триумфираше Елзан Бибиќ од Србија со време од 28:45 минути. Второто место му припадна на Мохамед ел Газуани од Мароко, додека третопласиран беше Кимајо од Кенија. Најдобар Македонец беше Александар Арсов кој заврши на седмата позиција.

Кај дамите еден два победа имаа Кенијките Џебет и Санг, додека подиумот го надополни Бугарката Маринела Нинева. Нашата најдобра атлетичарка на долги патеки Адријана поп Арсова заврши на четвртото место.

На трките на 5 километри победија Косоварката Греса Бекраќи и Бенард Кипротич од Кенија. На трката свој претставник имаше и ЕКИПА.МК во името на Горан Бошев кој истрча свој личен рекорд на 10 километри 47:01 со што го освои забележителното 97. место.

Резултатите можете да ги погледнете на следниот линк.

Се вчитува...