Гевгелиска пресметка на скопските ривали, МЗТ и Работнички во полуфиналето на Купот

Бранителот на трофејот во кошаркарскиот Куп на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром, лесно се пласира во полуфиналето на завршниот турнир на осумте најдобри екипи што се одржува во Гевгелија. Во четвртфиналниот дуел го победи Кожув со убедливи 89-62 и закажа пресметка со Работнички.

Веќе на полувремето фаворитот имаше убедливи 15 поени предност (40-25) кои ги изгради добивајќи ги сигурно двете воведни четвртини од натпреварот Во третиот период тимот на Ѓорѓи Кочов создаде огромна разлика од преку 30 поени и само рутински ги одигра завршните десет минути од четвртфиналето.

Капитенот Дамјан Стојановски со 15 поени го предводеше МЗТ Скопје Аеродром до втората победа над Кожув во само пет дена. Кај Кожув, Девонта Вилијамс беше стрелец на 15 поени.

Во последниот четрвтфинален натпревар (20.15 часот) се соочуваат Гостивар и Фени индустри, а победникот ќе оди на полуфинален дуел со Блокотехна.

Се вчитува...