Гезтепе не ги заборава своите легенди: Јаховиќ пречекан со почести во поранешниот клуб

Поранешниот фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ денеска беше гостин на Гезтепе на мечот во кој славеше над Сиваспор со 3-2. Пред натпреварот тој доби подароци од клубот каде остави голема трага.

Јаховиќ во два наврати играше за Гезтепе, од 2016 до 2018 и во сезоната 2021/22. Одигра вкупно 102 натпревари и постигна 46 голови за овој тим.

Се вчитува...