ГФК Тиквеш договори седум контролни средби оваа зима

Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш објави дека се договорени седум контролни средби како дел од подготовките за продолжувањето на Првата македонска фудбалска лига.

Кавадарчани единствен меѓународен противник ќе го имаат во името на ФК Дубочица, додека останатите средби ќе ги одиграат со тимови од македонските шампионати. Ќе стартуваат против Вардар Неготино, а потоа следат дуели и со: Победа, Детонит, Кожуф, Силекс и Струга.

Се вчитува...