Тиквеш се соочува со очигледни организациски и финансиски проблеми откако ова лето клубот беше предаден на новите инвеститори од Турција. Па, место напредок за кавадарчани на домашната фудбалска сцена, клубот тоне во сопствената агонија.
Дека финансиските обврски кои новите инвеститори ги имаат кон играчкиот кадар и клубот, воопшто, не се исполнуваат е повеќе од очигледно.
Токму поради актуелната ситуација, се огласи со соопштение и ГФК Тиквеш од каде информираат дека новиот инвеститор е обрзан до 17 септември да ги исполни договорените финансиски обврски, во спротивно градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Општина Кавадарци и бизнис секторот од Кавадарци повторно ќе го преземат владеението над клубот.
СООПШТЕНИЕТО ОД ГФК ТИКВЕШ…..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

