Ги избрка сите фудбалери, не сака да ги плаќа додека трае кризата

Паузата во фудбалските шампионати ширум Европа дефинитивно ќе трае и во текот на следниот месец, па газдите почнаа со донесување на радикални одлуки за да ги намалат трошоците на клубовите. Лион ги намали платите на играчите за по 50% додека трае паузата, а чекор понапред отиде првиот човек на швајцарскиот прволигаш Сион, Кристијан Константин, кој реши да ги раскине договорите со сите фудбалери во тимот.

„Не верувам дека лигата ќе продолжи. Во моментов не може да се заработува од фудбал, не се знае колку ќе трае кризата, па не гледам зошто би ги плаќал фудбалерите“, изјави Константин, кој најпрвин им понудил на сите играчи идентична плата од 12.000 франци, а откако бил одбиен им врачил откази.

Швајцарската лига до крајот на оваа седмица ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира правниот аспект од ваквата одлука на првиот човек на Сион, кој би можел потоа да биде принуден да ги исплати договорите до крајот на сезонава доколку се утврди дека незаконски ја прекинал соработката со фудбалерите.

Се вчитува...