Славната кариера на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е пред крај и покрај тоа што на 37-годишна возраст изгледа подобро и од своите ривали и врсници.
Најдобриот тенисер во историјата веќе и откри дека му недостасува мотивација за натпреварување па сега говореше и со што сака да се занимава по крајот на кариерата во разговор за „Вог“ пред заминувањето на егизибициски турнир во Ријад.
„Има многу работи. Ме интересираат многу работи. Се уште сакам да научам да свирам саксофон. За навистина да го научам. Пред неколку години извесно време свирев пристојно, но потоа станав лош бидејќи не вежбав доволно и редовно. Би сакал да научам да пеам, да свирам на некои инструменти. Саксофон е број еден, но би сакал да научам да свирам и на други инструменти.
Би сакал да научам да глумам и во театар, го сакам театарот. Театарот пред се, но сакам и филмови. Сепак, претпочитам интеракција во живо. Сакам комедија и се обидувам да земам некои трикови од моите пријатели кои се актери“, откри Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА